Решенијата од Предлог-законот за Јавното обвинителство беа главна тема на денешната средба на министерката за правда Рената Дескоска со Блу принт групата на граѓански организации со фокус на работа на следење на правосудните реформи и застапување за нивно спроведување. Во групата се претставени Хелсиншкиот комитет за човекови права, Коалиција Сите за правично судење, Институтот за човекови права, Македонското здружение на млади правници, Центарот за правни истражувања и анализи, Институтот за европски политики и Фондацијата Отворено општество – Македонија.
Како што соопштуваат од Министерството за правда, во разговорите фокусот бил ставен на клучниот камен на сопнување во разговорите со опозицијата за Законот за Јавното обвинителство – Членот 105 по што се развила плодна дискусија за тоа како да се надминат отворените прашања во преговорите.
Според министерката Дескоска, скриената амнестија, односно запирањето на судските постапки, истрагите и предистрагите е непрафатливо од аспект на градење на систем на правда во нашата земја, и истото лошо ќе се одрази врз оценувањето на напредокот на земјата во поглед на владеењето на правото.
Comments are closed for this post.