Во септември ќе почне изградбата на првиот репроцентар за фазани во источниот регион. Локацијата ќе биде во штипското село Судиќ, а зад проектот стои штипското здружение „Ловец“ .
Според Николчо Малинов од „Ловец“, сите подготовки за претстојните градежните активности се веќе завршени.
Покрај фазани, во репроцентарот ќе се одгледуваат и подмладоци на други видови дивеч.
– Од септември почнуваме со изградбата на ловниот дом во селото Судиќ. Тука е предвиден објект за репродукција на фазанот и репродукција на зајак, вели Малинов.
Еребицата е на граница на истребување на овие простори, поради што нејзиното зачувување е повеќе од потребно. За да се зачува, од ловното здружение размислуваат за воведување забрана за нејзин отсртел на одредени терени.
-Ние сме и здружение кое и го штити дивечот, како прелетниот, така и ситниот и крупниот. Навреме ќе бидат известени сите ловџии каде и како ќе се лови на терените, вели Малинов.
Репродуктивниот центар ќе се гради со средства од донатори, ловџии од странство, но и со сопствени средства на здужението
Comments are closed for this post.