За секој еден збор што го кажувам подготвен сум да зборам со дела, одговорно и со бројки, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на денешниот настан Саем – Отчет, четири години работа за тебе осврнувајќи се на се она што е направено за еден мандат локална власт.
Мицкоски информираше дека во изминативе 4 години изградивме и реконструиравме улици и патишта во вкупна должина од над 770 километри во вкупна вредност од околу 100 милиони евра.
Направени се 46.840 метри нови водоводи, и изградени се канализации од должина над 91 илјади метри. Изградени или во завршна фаза на градење се 7 пазари од затворен тип. Изградени или во завршна фаза на градење се 12 пречистителни станици“, вели Мицкоски.
Во делот на образованието, додаде Мицкоски, реконструирани и модернизирани се над 400 училишта.
Поставени се фотоволтаици на поголем број на училишта, обезбедена е бесплатна храна за децата од 1 до 5 одделение и обезбедено е бесплатно летување за децата од социјално загрозените семејства во голем број на општини, со доградба и реконструкција на училиштатата се воведе и едносменска настава“, кажа тој.
Освен во училиштата инвестирано е и во градинките.
Реконструирани и модернизирани се над 70 детски градинки, а ново изградени се неколку десетици градинки и за оваа цел се инвестирани над милијарда денари“, вели Мицкоски.
Исто така, завршени или во завршна фаза се 274 спортски игралишта или детски рекреативни терени.
Многу е направено во сите градови.
Изграден нов полузатворен градски пазар на површина од 1200 м2 со обезбедни паркинг места во Штип. После долги години изграден е нов покриен пазар во Велес. Во завршна фаза е изградбата на модерен градски пазар со простории за трговија, катна гаража и канцеларии во Радовиш. Изградена е пречистителна станица за отпадни води во с. Видовиште со финансиска конструкција од 1,9 милиони денари. Направена е изградба и реконструкција на 20тина повеќенаменски спортски и детски игралишта во општина Охрид“ информира Мицкоски.
Comments are closed for this post.