Заврши речиси 12 часовната средба во Охрид меѓу Вучиќ и Курти . Пред Вучиќ и Курти на маса беше европскиот предлог – договор составен од 11 точки. Очекуваме во секој момент да бидат соопштени детали од денешната маратонска средба во Охрид.
Вучиќ по средбата видно уморен истакна договор не е постиннат но се очекува во скоро време да биде организирана нова средба, најверојатно во Брисел. Највжно е како што вели дека ништо не потпишал.
Среќен сум поради тоа, но сигурно ова нема да биде се. Овие неколку точки што ги договоривме ќе станат дел од преговарачката рамка за двете страни. Не може да одбирате што ви се допаѓа или не .Другата страна мора да го исполни тоа што го потпиша. Навикнат сум на вакви разговори. Една од клучните точки е дека Европскиот совет ќе процени колку е направено со планот за имплементација, кој ќе се прошири. Формирањето на ЗСО беше поставено како приоритетна обврска. Морам да кажам дека сум навистина задоволен поради тоа, се зборува за исчезнати лица, за донаторски конференции. Планот секако ќе треба да се надгради. Знам дека албанската страна ќе инсистира да не сум потпишал ништо, двајцата јасно ставивме до знаење кои се неговите црвени линии, а кои се нашите црвени линии. Не беше ден Д, но мислам дека беше океј ден. И покрај нашите многу несогласувања, имавме пристоен разговор-рече Вучиќ.
Comments are closed for this post.