Четворица специјализанти, медицинска сестра и шалтерски работник од Клиниката за детски болести сер наоѓаат на домашно лекување поради тоа што се заразиле со мали сипаници. Случаите биле откриени пред неколку дена, но од клиниката соопштуваат дека заболените биле со полесна клиничка слика, поради што се пуштени на домашно лекување.
На Клиниката за инфективни болести било примено двегодишно дете од Карпош, кое не било вакцинирано со вакцината МРП и кое не посетувало градинка, информираат од Министерството за здравство. Од таму велат дека на Клиниката се прегледани и два лица со полесна клиничка слика на морбили, коишто се пуштени на домашно лекување.
Comments are closed for this post.