Вчера во рамки на теренската активност на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Ова е Македонија за сите“ се одржаа средби со граѓаните при што се говореше за актуелните проблеми кои што се случуваат во Македонија поради неспособноста на власта.
„Слушнавме дека за Елена Доцевска Божиновска се доби пресуда во Стразбур, односно Елена ја доби правдата. Елена после многу години виде правда иако беше угнетувана, иако и беа прекршени и нејзините човекови права, никој од власта тоа не сакаше тоа да го спомене и бегаа и се криеја и само гледаа како да направат уставни измени. Но, еве дојде денот, знаете правдата е спора, но еден ден ќе дојде. Елена Доцевска Божиновска и беше одземено човековото право да поднесе жалба, да се брани пред судот, но и многу пострашно беше тоа што ја апсеа пред своите дечиња“, појасни Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Мисајловски рече дека во оваа прилика би ја споменал и пратеничката Жаклина Пешевска што доаѓа од Гази Баба и што истото и се случуваше во минатото. Истото тоа се случуваше пред нејзините дечиња кога беше апсена.
Мисајловски порача на граѓаните да го кренат својот глас и да си ги бараат своите права.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски при денешната посета на Карпош и населените места, истакна дека во директна комуникација со граѓаните се поголемо е општото незадоволство од целокупната ситуација во државата, каде што и меѓународните судови веќе потврдуваат дека живееме во системска неправда.
„Продолжуваме со активностите на терен директна комуникација со граѓаните денес сме во скопски Карпош каде што исто така кога ќе комуницирате со граѓаните ќе видите исто така има едно општо незадоволство за целокупната состојба во државата. Живееме во држава веќе почнаа и меѓународните судови да потврдуваат дека системот носи политизирани одлуки дека имаме системска неправда која што се прави врз нашите граѓани по потврда на европскиот суд за човекови права поврзан со случајот на 27 април. Живееме во држава каде што се потпишуваат договори кои што се класифицираат, повеќе од милијарда евра се трошат средства на граѓаните, а не знаеме точно каде се трошат тие средства, навидум за инвестиција во некои инфраструктурно решение, а видовме дека нема ниту А од автопат, не километар како што кажувам често ниту метар автопат не е изграден, а тоа е таа состојба поврзана со коруптивниот скандал на „Бехтел и Енка“, нагласи Муцунски.
Пратеникот Аџиоски додаде дека за жал власта наместо да ги помага помалите општини кои што располагаат со скромни буџети, за власта најважно е да ги исплати авансите, провизиите, пеналите во вредност од 300 милиони евра за автопатишта за кои што и самата не знае каде ќе се изградат.
„Наместо да ги крадат тие 300 милиони евра треба да ги помагаат општините преку проекти кои што ќе го подобрат животот на граѓаните“, нагласи пратеникот.
Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски додаде дека граѓаните од населените места порачуваат дека е време за избори и смена на власта, време е да се подобри животот во Македонија.
„За првпат имаме влада која што висока корупција како што е договорот со „Бехтел“ го покрива со европско знаменце. Граѓаните тоа го гледаат особено југоисточниот дел на државата каде што се гледа дека е запоставен и нема никакви поголеми инфраструктурни проекти. И затоа луѓето порачуваат дека време е за да имаме сериозни европски избори, европски стандарди, смена на оваа власт и подобрување на начинот на работење на државата. Да се врати довербата во институциите“, порача Милошоски.
Пратеникот Бране Петрушевски при средбата со граѓани посочи дека се продолжува со борбата за правда.
„Морам да одговорам на колегата Каевски дека ВМРО-ДПМНЕ требало да се качи на европскиот воз. ВМРО-ДПМНЕ одамна е качено на европскиот воз, возот на кој што се вози СДСМ е товарен воз и тој воз е натоварен со парите на граѓаните кои што ги пљачкаат ДУИ и СДС. Тој воз го управува ДУИ, а на негов спореден вагон само седи СДСМ. Дека тој воз не вози по европски шини им укажа и Европската комисија која што кажа дека петте закони со кои што сака да го легализираат криминалот со договорот за автопатите се се само не европски и никако не смеат да поминат со европско знаменце“, нагласи Петрушевски.
Тој додаде дека за многу скоро време откако ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт тој товарен воз кој што го управува ДУИ, а во кој што се вози СДСМ ќе биде истоварен конкретно на станицата во Идризово.
Пратеникот, Драган Ковачки при денешната теренска посета во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“ истакна дека со вчерашната пресуда Стразбур потврди дека во Македонија има политички прогон, дека се гонат политички неистомисленици, и дека власта ги злоупотребува институциите за партиски цели.
„Откако ги посетивме населените места Драмче и Трботевиште сега се наоѓаме во славно Разловци. Разловци кое што е симбол на македонскиот непокор на македонската борба за слобода,на македонската борба за државност. Среќни сме што денеска сме тука затоа што оваа наша посета се поклопува со денот на почетокот на разловечкото востание денеска е 20 мај меѓутоа сме разочарани затоа што ниту една делегација од СДСМ не го одбележа овој ден, тоа е срамота. Она што можам да го кажам говорејќи за борбата за човекови правди она за што се бореле нашите предци во Разловочкото востание морам да направам паралела со она што се случува денеска морам да ја искоментирам пресудата во текот на вчерашниот ден од Стразбур, а тоа е дека Стразбур потврди дека во Македонија има политички прогон дека се гонат политички неистомисленици и дека власта ги злоупотребува институциите само за партиски цели“, рече Ковачки.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски додаде дека голем број од жителите укажаа дека Општината Маврово Ростуше, градоначалникот, но и јавните претпријатија управувани од локалната власт на ДУИ и СДСМ изминатиот период ништо не сработија, ниту за општината Маврово Ростуше, а ниту за населените места.
„Освен непотизмот, криминалот, корупцијата, и притисоците кои што континуирано се вршат врз граѓаните тука, нема ништо. Можам да истакнам дека Македонија од пример во регионот стана потсмев во регионот. Покрај тоа што не работи локалната власт управувана од СДСМ и ДУИ, не работи ништо ниту централната власт“, укажа Сајкоски.
Пратеникот Игор Здравковски во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“ ја посети општина Чашка каде што во директна комуникација со граѓаните ги слушна нивните проблеми. Здравковски од Чашка истакна дека власта наместо да ги решава проблемите на граѓаните таа троши милионски суми на сомнителни договори за коридорите 8 и 10Д.
„Почитувани денес во рамките на акцијата „Ова е Македонија за сите“ продолжуваме во општина Чашка. Општина Чашка е една од најголемите и најубавите општини во Република Македонија и изобилува со многу природни ресурси, меѓутоа најголемиот проблем за дел од жителите во оваа општина е што во летниот период има голем недостаток на вода, меѓутоа наместо власта да го реши овој проблем тие трошат милионски суми народни пари за „Бехтел и Енка“, крадење на институциите итн.“, појасни Здравковски.
Координаторот на пратеничката група, Никола Мицевски додаде дека проблемите со земјоделие, кое што е примарно во овој дел од државата се навистина големи. Неисплатени субвенции за млеко, неисплатени и други субвенции. Каналот за наводнување се уште не е пуштен во функција, а веќе е средина на мај месец.
„Македонија се соочува со многу други проблеми од здравството, од инфраструктурата, се натиснати над овие луѓе. Очекуваме дека власта ќе има слух и ќе ги слушне, а доколку не се случи тоа ВМРО-ДПМНЕ е овде ги нотира сите забелешки и заедно со граѓаните на први наредни избори ќе ја преземе власта и ќе ги реализира овие ветувања“, порача Мицевски.
Пратеникот Миле Лефков додаде дека граѓаните највеќе ги боли неправдата и влијанието на власта врз судскиот систем.
„А, токму денеска една пресуда од Стразбур за Елена Доцевска Божиновска докажа дека во Македонија судовите се заробени од СДСМ и ДУИ и дека во Македонија за жал денеска постојат политички затвореници. За 211 години затвор за притворените за 27 април, видовме дека Владата на СДСМ и ДУИ украде над две милијарди евра. За секоја година затвор украдени од една до десет милиони евра. Тие го трупаат своето богатство, а невини луѓе лежат во македонските затвори. Време е да ставиме крај на неправдите, време е за избори и време е за поразување на Владата на СДСМ и ДУИ. Време е да заминат во историја, а оние кои што работеа за нивните интереси, време е да излезат пред лицето на правдата“, порача Лефков.
Пратеничката Рашела Мизрахи при посета на Карбинци, посочи дека самопрогласениот „патриот” во обид и неговите црвени елеци како низ цела Македонија така и во Карбинци направиле тотален хаос, оставајќи го народот да тоне во очај и безнадежност.
Пратеничката Ели Панова рече дека граѓаните на средбите и посочиле дека работат, плаќаат даноци, давачки, а за нив не останува ништо. Оваа власт донесе само сиромаштија.
„Работиме, плаќаме даноци, давачки а за нас на крај не останува ништо! Народот едногласен, на Македонија и е потребна нова Влада! На Македонија и е потребен Премиер кој ќе биде избран од народот а не од ДУИ“, додаде Панова.
Comments are closed for this post.