Возачот на автобусот што се преврте во Лесковац при што загинаа тројца македонски државјани е приведен, објавија српските медиуми. Возачот возел со брзина од 98 километри на час за време на кобната несреќа што се случи ноќта меѓу саботата и неделата, пренесува Курир.рс повикувајќи се на свој извор.
Српскиот медиум пишува дека возачот на автобусот кој возел од Прилеп до Виена одеднаш изгубил контрола, излетал од патот и се превртел, а според неофицијални информации, постојат сомненија дека возел со неприлагодена брзина.
Возачот на автобусот по лизгав коловоз, поради снегот, наводно возел со брзина од 98 километри на час. Наводно, возачот во еден момент и заспал на воланот. Сепак, треба да се почекаат резултатите од истрагата со сигурност да може да се тврди што ја предизвикало несреќата“, рекол изворот за „Курир“.
Патниците спиеле
Спиев, а кога се разбудив слушнав викање. Видов луѓе со крвави глави и раце. Сите бевме преплашени, а дополнително с евознемирив кога слушнав дека има и загинати. Набрзо во автобусот влегоа лекарите на Брзата помош. Веднаш почнаа д ани помагаат, не знеа на кого побрзо да му помогнат. По нив пристигнаа и пожарникарите. Не извлекуваа еден по еден“, раскажува патник од Битола, на кој му е повредена раката.
Comments are closed for this post.