Во стан во скопската населба Кисела Вода, викендов бил пронајден починат маж.
Во скопската полиција од Итна медицинска помош било пријавено дека во стан на улица „Пушкинова“ во Скопје има починато лице без видливи траги на насилство, а потоа се утврдило дека се работи за 41-годишниот Н.А. од Скопје.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција, а таа ќе ги даде сите детали околу тоа како настапила смртта.
Comments are closed for this post.