Две безживотни тела се пронајдени од полицијата доцна синоќа во атарот на селото Слупчане.

Во 22 часот и 40 минути, полицајци од станицата во Матејче добиле повик дека во месноста викана „Слупчански бунар“, било забележано возило марка „опел астра“ во кое било пукано од непознат сторител, а во него имало две лица.

Полициски службеници излегле на местото на настанот, а лекари од итната медицинска помош констатирале смрт кај двете, засега, непознати лица.

Повеќе детали се најавуваат во текот на денешниот ден.