При акциска контрола на полицијата во периодот од 22 часот синоќа до 4 часот утринава приведени се 26 странски државјанки на возраст од 20 до 46 години, затекнати во пет угостителски објекти во Тетово и Гостивар.
Од нив 11 биле државјанки на Србија, девет на Албанија, четири на Бугарија, и по една државјанка на Босна и Херцеговина и на Косово.
Како што соопшти МВР, при контролата во угостителските објекти биле затекнати и 13 девојки од Македонија.
Акцијата ја спровеле полициски службеници при Секторот за внатрешни работи Тетово во содејство со повеќе организациски единци во МВР, како и надлежни инспекциски служби при УЈП, Трудова и Пазарна инспекција.
Comments are closed for this post.