„Во Скопје како да се подзабораваат. Не е лошо од време на време да ги вратиме на патот“, истакна бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, во гостувањето на бугарскиот јавен сервис.
Повеќе од година и половина работев за договорот со Македонија. Но, по потпишувањето, гледам дека Скопје има една итра тактика – обиди да се наметне некаква идеја за македонски јазик и македонска свест. Нема зошто Бугарија да ја поддржува Македонија, а тие да тврдат дека цар Самоил е македонски цар. Како држава немаме никаков интерес да ја поддржуваме земјата да влегува во ЕУ, ако погрешно ги претставуваат историските факти, додаде Каракачанов.
Според бугарскиот министер, Македонија се обидува да се протурка во Европската Унија, потпишувајќи договори, додека пак европските вредности означуваат да не ја крадеш историјата на пријателите.
Ние не се мешаме во историјата на Македонија после 44-та година. Многу е просто. Потпишавме спорните историски прашања да се решаваат на основа на автентични документи. Ние Бугарите сме цареви за да си создаваме проблеми. Не можам да разберам каква е таа шизофренија во Скопје, заклучи Каракачанов.
Имено тој изјави дека во договорот никаде нема дека го признаваат „таканаречениот„ македонски јазик“ за кој вели дека тоа е јазик продукт на коминтерната.
Во истиот прилог, бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, истотака познат по своите изблици на „немакедонизмот“, посакува пак релацијата меѓу Бугарија и Македонија да биде како оној на Грција и Кипар , а пак за него македонскиот јазик е западнобугарски дијалект, што само уште повеќе ја закомпликува и онака фрагилната ситуација во периодот на работа на комисиите на двете земји.
Comments are closed for this post.