Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола на 26 февруари извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, сигурносен појас, светло и алкохол, во сите полициски станици при што биле контролирани 404 возачи и возила.
При контролата, констатирано е дека 25 возачи го управувале возилото со поголема максимална брзина од дозволената, шест возачи управувале без возачка дозвола. Нерегистрирани биле две возила, на мобилен разговарале двајца возачи и еден возач не користел сигурносен појас. Осум возачи се писмено опоменати, а на 46 возачи изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така изготвени се и 15 прекршочни налози. Исто така, при контролата откриени се и други девет видови прекршоци
Comments are closed for this post.