СДСМ спроведува класичен политички прогон преку пласирање на лажни информации, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Владимир Атанасовски ниту бил, ниту е ангажиран како советник на претседателот на партијата ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски. Информацијата дека Атанасовски е дел од советниците на актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ ги сметаме за тенденциозна инсинуација и намерно нанесување на штета на новото раководство на партијата и претседателот  Мицкоски, реагираат од опозициската партија.

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека во Република Македонија се одвиваат политички мотивирани и инструирани судски процеси кои немаат врска со правото и правдата, а кои како што стои во реакцијата судскиот систем го доведуваат до апсурдности кои се одвиваат до недоглед.

ВМРО-ДПМНЕ бара јавно извинување од СДСМ и од портпаролот Костадин Костадинов заради пласирање и објавување на неточна информација.