Специјалците и борбените коли кои цел ден во полна борбена готовност седат пред собранието ги праќаат Зоран Заев и Оливер Спасовски. Сомнителни карактери постојано кружат околу највисокиот законодавен дом, а седницата постојано се откажува се додека не вродат со плод „убедувањата“ на пратениците, возвратија од ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на пратеникот Костадин Костадинов од СДСМ кој рече дека ВМРО лаже кога тврди дека на пратеници им биле нудени пари или биле поткупувани за да гласаат за уставните измени.
Никаде во демократскиот свет пратеници не одлучуваат под толкав силен притисок. Македонија е единствената земја на тлото во Европа во која што опозициски пратеници се обвинуваат за тероризам и се ослободуваат од притвор во очи на најважното гласање во Собранието, се вели во реакцијата од опозициската партија.
Заканите, уцените и поткупот не се одлика на демократско општество, туку на тоталитарен систем, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ и го повикуваат обвинителството да поведе истрага за како што наведуваат сите закани и притисоци насочени кон пратениците, а кои оневозможуваат непречено изјаснување.
Ниедна лага што ќе ја прочита портпаролот на СДСМ нема да го избрише од меморијата на македонскиот народ начинот на кој што Зоран Заев и неговите послушници се обидуваат да го избришат името Република Македонија и да го сменат македонскиот идентитет, порачуваат од опозицијата.
Comments are closed for this post.