Вилма Русковска наместо да ја развлекува истрагата и да ги брани политичарите од врвот на власта, треба да го повика Зоран Заев да даде исказ и да истражи зошто тој му кажал на Зоки Кичеец дека се пријавени и против нив се води истрага?
Доколку Зоран Заев им помогнал на директните извршители во извршување на кривичното дело тој треба директно да одговара. Зоран Заев треба да одговори и како инстиуциите на системот повеќе од половина година не знаеле за милионскиот рекет кој се случува или можеби знаеле, но по нечиј налог молчеле?
Доколку во најбрз можен рок нема разрешница на случајот „Рекет“, што ќе значи и откривање на политичките помагатели, се ќе биде само една огромна фарса.
Со Зоран Заев на власт невозможно е да се очекува ефикасна и вистинска разврска на случајот „Рекет“. Потребни се брзи предвремени парламентарни избори. Потребна е обнова на Македонија, се вели во соопштението на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.