Во општина Велес, СДСМ за една година изгуби точно 3.531 глас, односно од добиени 15.962 гласови на локалните избори, референдумот го поддржаа 12.431 граѓан или во проценти тоа е околу 20% губење на поддршката, вели Игор Здравковски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес.
Тој вели дека неуспешенниот референдум е една неуспешна анкета спроведена од страна на СДСМ и нивните коалициони партнери за која се потрошени огромна сума на пари.
Катастрофалната економска политика на централно ниво со 0,1% економски раст, криминалните тендери во четири очи, срамниот договор со Грција со кој требаше да се откажеме од сите вредности, манипулациите на Аце Коцевски, штетните и антимакедонски потези на Панче Иванов, нетранспарентното работење, немање дебати и јавни расправи за прашања кои што се од огромна важност за граѓаните, партиските вработувања без никакви критериуми се една од причините за губењето на гласовите на СДСМ, посочи Зравковски.
Comments are closed for this post.