Однародената и криминална власт предводена од Зоран Заев, единствениот политичар аболициран за тежок криминал, почна да се заканува и по независни тела кои одлучуваат врз основа на факти и не ги прифаќаат политичките нарачки за прогон на сите неистомисленици на антидржавните политики со кои се растура Македонија, возвратија од ВМРО-ДПМНЕ.
Контрареакцијата следува откако СДСМ реагираше дека Комисијата за заштита од дискриминација ја злоупотребила позицијата со тоа што издала мислење дека Груевски е дискриминиран од судот.
Не постои поголем апсурд и поголем доказ за забеганоста на аболицираниот Заев од јавно изразената намера да менува комисијата назначена од Собранието на Р. Македонија само заради тоа што не сака да се приклучи во политички инструментализираниот прогон на секој што мисли поинаку од однародената и криминогена власт.Во Македонија нема повеќе ниту право, ниту правдина со судство кое е комплетно под чизмата на аболицираниот Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според опозициската партија реакцијата на СДСМ, на мислењето на Комисијата за заштита од дискриминација е најголемата потврда дека помирувањето на Зоран Заев е уште една негова лага по која што посегнува само во моменти кога му треба поддршка за неговите антимакедонски политики.
Целокупната јавност виде дека процесот кој што се водеше против Никола Груевски беше политички нарачан и политички воден. Пресудата беше јасна уште од самиот почеток, а фактите, доказите и законот беа целосно игнорирани, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.