Најубавата честитка за граѓаните за 2019 која можеше Венко Филипче да ја даде денес беше да си поднесе оставка заради својата неспособност, уништување на здравствениот систем и криминогените тендери и јавни набавки кои се случуваа изминатата година во неговиот ресор, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според опозициската партија и денешната нова најава за набавки од Министерството за здравство потенцијално е нов матен тендер во најава.
Филипче наместо да гради јавно здравство тој приватизира, наместо поголема достапност на лекови во аптеките граѓаните се соочуваат со недостаток, нема нов клинички центар, нема реновирање на болници, нема набавка на медицински апарати. Луѓе умираа чекајќи да бидат лекувани, затоа што парите се трошеа на лубриканти наместо за здравјето на граѓаните. Единствено што јавноста ќе го памети во 2018 година од Венко Филипче е обидот да додели тендер од 35 милиони евра на фантомска фирма отворена неколку дена пред распишувањето на тендерската постапка за набавка на реагенси во лабораториите, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
За жал овој криминален картел на власт го има бизнисот пред здравјето на граѓаните
Comments are closed for this post.