Во оние моменти кога Ковачевски не краде, и кога не дезертира, смислува лаги за ВМРО ДПМНЕ и Ванчо Михајлов.Очигледно дека антимакедонската СДС сакаат од лага да направат тема, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Рецептот е познат. Најпрво платените мегафони на СДС кои лажно се преставуваат за загрижени македонисти ќе ја изветоперат изјавата, ќе има неколку колумни на платени пера од власта за да на крајот дезертерот Ковачевски да се прикаже за загрижен патриот. Од дезертер и криминалец патриот не бива.

Лицемерно е Ковачевски да збори за оваа тема, човекот во чие време се дозволи и отвори клубот Ванчо Михајлов и Цар Борис и кој прифати се што сакаат Бугарите.

Човекот кој се премисли и одбива спроведување на законот за здруженија и организации само за да не се случуваат нови националистички клубови за негирање на македонскиот идентитет.

СДС денес е директен наследник на идеологијата на југословенскиот тоталитарен комунизам кој е одговорен за масовните кршења на човековите права, тортурите и апархејдот врз делови од македонската интелегенција, како и врз илјадници граѓани кои имаа автентична македонска национална свест. Истовремено, фактот дека и денес од СДС јавно не се дистанцираат од злосторствата на партијата чии наследници се, говори и за тоталитарната свест на актуелната генерација скриени социјалдемократи, а во суштина тоталитарни умови преокупирани само со идеи за лично богатење и народен грабеж. Впрочем, масовните кршења на човековите права денес, неправедните притвори и затвори, како и прислушувањето и следењето на опозицијата се само мал изблик на оваа иста авторитарна политичка траекторија која без прекин се простира од времето на Колишевски и Ранковиќ па сé до Ковачевски, Заев, Спасовски и Зечевиќ.

Оттаму, крајно шизофрени, лицемерни и смешни се обвинувањата на СДСМ за наводна блискост на ВМРО-ДПМНЕ со некаква тоталитарна идеологија. Во немоќта да ја скријат својата тоталитарна природа и восхитеност од злото на комунизмот кое е осудено од цела Европа, СДС ја користи старата добра тактика со сеење на лаги и етикетирање. Но, сепак суштината сите знаат дека не е дебата за Михајлов, туку болната реалност во кој СДС ја донесе Македонија во подредена положба во однос на Бугарија.

СДС е партијата со која започна кочењето на Бугарија на европските интеграции на Македонија.

Наследник на таквата антимакедонска политика е и Ковачевски кој договори и прифати услов за почеток на преговорите со ЕУ да бидат токму уставните измени без гаранција за престанок на идно блокирање кон европската цел. Истовремено, СДС е и партијата која дозволи, го оправда и го поддржа формирањето на клубовите Ванчо Михајлов и застапникот на фашизмот и окупатор на Македонија Цар Борис. И денес вицепремиерот на Македоника од Бугарија соопштуваат дека законот за здруженија кој и самите го гласаа во македонското собрание, а го предложи ВМРО ДПМНЕ нема да го применуваат за да не се налути Бугарија. Значи тие дозволија Бугарија да уредува Устав и закони во Македонија. Впрочем, да потсетиме дека антимакедонската СДС е партијата која се прогласи за наследник на најстрашниот комунизам кој ја збриша македонската интелегенција, наследник на методите на Темпо, Колишевски и другите комунисти чиј систем вршеше терор врз Панко Брашнаров, Петре Пирузе, Ченто, Апостолски, Марковски и други.

 

ВМРО-ДПМНЕ ѝ порачува на СДС наместо да сее лаги и невистини, да се извини за злото што комунистите ѝ го нанесоа на Македонија, како и да се извини за злото што и тие самите ни го нанесоа за време на грабежот во првите две децении од независноста, како и предавствата што ги направија во оваа трета деценија на самостојна и суверена Македонија.