Единствениот трипати аболициран политичар во Европа до вчера ја форсираше и штитеше Катица Јанева која ги извршуваше неговите нарачки за пресметка до неистомислениците. Очекуваме истрагата да утврди дали Зоран Заев учествувал во таргетирањето, рекетирањето и прикривањето на изнудите врз бизнисмените и колкав процент од рекетот има земено, соопшти денес попладне опозициската ВМРО-ДПМНЕ..
Во соопштението се прашува дали е то причината што се крие идентитетот на Кики и Фрики и истите во моментов се изземени од истрагата?
„Што знаат Кики и Фрики за криминалите на Заев, па тој не сака да ги открие своите високи функционери и соработници? Ако постои правна држава ќе се докаже вмешаноста на врхушката на СДСМ во скандалот што ја потресе Република Македонија. Обвинителството доколку не е во рацете на власта ќе постапи во името на правото и правдата.
Самите материјали кои ги поседува Обвинителството ќе дадат одговор кои се се замешани во оваа афера“, се истакнува во соопштението.
Comments are closed for this post.