СДСМ откако е на власт воведе принцип вработи го секој лепач на плакати на грбот на народот.
Македонија во рецесија, граѓаните гладуваат, а власта вработува партиски војници.
Додека падот на економијата е еден од најголемите во Европа, кога 50 илјади лица останаа без работа, а половина милион граѓани живеат само со 130 денари на ден, власта си ги наградува партиските војници со работни места во државна администрација.
Ветувањето за помала администрација во предизборна кампања кое што го даваше Зоран Заев бргу го заборави власта. И по изборите се воведе принципот вработи го секој лепач на плакати на грбот на народот.
Доказ дека СДСМ ја полни државната администрација со партиски војници е огласот на МВР.
Според информации на ВМРО-ДПМНЕ веќе по општинските организации на СДСМ се прават списоците кои да се вработат во МВР.
Тоа е така зошто Спасовски си прави партиска полиција, а тоа е уште еден доказ за партизацијата на полициските структури.
Кога Спасовски вели ќе вработиме 600 полицајци тоа се 600 партиски војници на грбот на народот.
Comments are closed for this post.