ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи протестите за слобода на уставобранителите кои се закажани за 29 мај. Опозицискиот лидер Мицкоски денеска во Штип уште еднаш го повтори партискиот став дека луѓето кои се осудени за тероризам всушност не се терористи.
Некои од нив го имаат прекршено законот, но тие секако не се терористи. Нашиот став е јасен. Ние не ги организираме протестите но ние ќе дадеме поддршка како што дадовме поддршка и на претходниот протест изјави Мицкоски.
На социјалните мрежи веќе се шири повикот за протест на 29 мај. Според најавата, повторно ќе се протестира пред Владата и пред Собранието. Собирот пред владата е закажан за во 18:30 а од таму ќе се маршира до пред Собранието.
Comments are closed for this post.