Криминалот и корупцијата на владата предводена од Зоран Заев ја влечат македонската економија надолу. Потврда за неспособноста на владата на СДСМ дојде и од германските инвеститори кои со нула ја оценија нејзината работа во економијата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Германските инвеститори во земјава потврдија дека СДСМ во овие две години ништо не сработи освен што ги распродаде државните интереси. Тие ги потврдија и криминалните и матни тендери на картелот на власт како и правната несигурност која создава СДСМ во државата. Дури и семејството на Зоран Заев не верува во неговите политики и затоа почнаа да бараат иднина за сопствените бизниси во соседна Бугарија. Оценката на 200 германски фирми за работата на владата на СДСМ ги потврди сите тврдења на ВМРО-ДПМНЕ од изминативе две години дека додека СДСМ ги продава државните и национални интереси, државата тоне и сите можни полиња бележат неуспех. Откако е СДСМ на власт граѓаните се повеќе осиромашуваат, над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, а младите заради бесперспективноста која ја создава власта забрзано се иселуваат, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата порачуваат дека власта секојдневно се задолжува, а граѓаните не гледаат никаков бенефит.
Како резултат на задолжувањата на СДСМ јавниот долг за прв пат во историјата а државата надмина 5 милијарди евра и ја премина психолошката граница од 50%. Неспособноста на власта ја покажува и нивото на реализација на капиталните инвестиции кое е најниско досега. За првите два месеци тие изнесуваат мизерни 3,53% што ни кажува дека и оваа година како и минатата нема да успеат да реализираат ни половина од капиталните инвестиции кои самите си ги проектираат. Економијата тоне, образованието уништено, земјоделието е на колена, здравство во кое умираат луѓе, младите се иселуваат, пензионерите се излажани. Буквално цела држава се распаѓа како резултат на криминалот и неспособноста на СДСМ. Со СДСМ Република Македонија само уназадува. Граѓаните не носат розеви очила како Зоран Заев и токму затоа ќе го казнат за сите погубни политики. СДСМ и Зоран Заев мора да си заминат за Република Македонија и граѓаните да почнат да напредуваат, се наведува во партиското соопштение.
Comments are closed for this post.