„Пазар 3“ коалицијата уште не започната да функционира, полна со скандали и криминали. Наместо проекти, инвестиции и капитални проекти, ќе има зголемен криминал и корупција, тендери во 4 очи и неспособност. Од вмешани во убиства, преку местачи на тендери, до корумпирани предлози за министри и заменици министри во новата влада, која ако по утрото се познава денот, ќе биде покриминална и покорумпирана, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ковачевски е должен да одговори дали новиот министер за правда, Кренар Лог е брат на Крешник Лога, кој има кривична пријава за убиството на Дилавер Бојку за убиство и убиство во обид.
Втор човек на Министерството за правда е предлогот Викторија Аврамовска Мадиќ, за која има поднесено кривична пријава за злоупотреба на службената положба и несовесно работење во службата. Мадиќ како генерален секретар на Град Скопје е вмешана и во скандал од 4 милиони евра со фирмата „Армор Плус“ во сопственост на зетот од сестра.
Заради ваквите кадри во Министерството за правда, довербата кон судството и министерството за правда е само 6%.
Предлогот за министер за здравство Фатмир Меџити е поврзан со скандали со шверц на лекови, а како претседател на УО на ФЗОМ замешан во многу скандали. Јавноста треба да знае дали кумашинските врски со Арбен Таравари имаа предност за негов избор во ова министерство“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека Тирон Јајага кој е предлог за заменик министер за одбрана бил вратен во Македонија од Мисијата во Брисел заради учество на протест за Илирида додека бил член на НАТО, а истиот за овој случај во 2017 бил помилуван и сега награден како предлог за заменик министер во одбрана.
„Најуспешниот“ заменик министер Агим Нухиу откако целосно ги приватизираше и нанижа целосни неуспеси во МВР и во Министерството за правда, сега на ред дојде и заменик министерското столче во Министерството за образование, кое ќе биде во целосно владение на ДУИ. Оваа „Пазар 3“ крпена коалиција за 10 месеци нема да донесе ништо подобро во Македонија. Наместо справување со економската и енергетската криза, граѓаните овие неколку месеци ќе бидат посиромашни и со уште повеќе проблеми. Потребна е нова влада, влада која знае како да се справи со проблемите на државата и граѓаните. Наместо крпени коалиции, потребни се предвремени избори на кои граѓаните ќе ги испратат во историјата криминалците од СДС и ДУИ, се наведува во партиското соопштение.
Comments are closed for this post.