Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара остака од директорката на битолската болница Билјана Гагачовска, министерот за здравство, Венко Филипче и премиерот Зоран Заев по фотографиите од битолската болница на кои се гледа како пациент прима инфузиска терапија легнат во просторија со починати, но и снимките кои ја прикажуваат состојбата во здравствената установа.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски оцени дека во македонските болници владее целосен хаос и безредие, а власта мочи пред реалната слика. Стоилковски на прес-конференцијата сподели видео од болницата.
Снимката на социјалните мрежи од битолската болница, во која владее хаос, безредие и нехумани и недостојни услови за престој, повторно посведочија пред јавноста“, рече Стоилковски, коментирајќи го видеото.
Comments are closed for this post.