Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара оставки од министерот за надворешни работи, Никола Димитров и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Итна и неотповиклива оставка на однародениот министер којшто својата нација ја нарече „Искомплексирана“ нација. Министерот зема буџетска плата благодарение на ова нација, ужива во привилегиите со буџетот да го школува семејството надвор од Република Македонија, па упатува непростлива навреда кон истиот тој народ. Итна и неотповиклива оставка бараме на министерот за терор и прогон, Оливер Спасовски. Спасовски откако е министер реди само порази, мафијата ги презеде градовите, се случуваат убиства кои остануваат нерасчистени, а тој води шпионски акции, претреси и омаловажувања на според СДСМ политички неподобните граѓани на Република Македонија, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Бараат веднаш да сопре и покачувањето на даноците, да продолжи проектот за гасификација од централно до општинско ниво и да се формира независно тело кое ќе го расчисти скандалот со прислушувањето на судиите и обвинителите.
Comments are closed for this post.