За што точно зборува ДУИ кога говори за „нови стандарди на отчетност“?! Кое партиско тело во ДУИ некогаш направило „тест за интегритет и транспарентност“ и спровело „ветинг“ против корупцијата во ДУИ?! Кои се „новите стандарди за транспарентност и одговорност“ и кој во ДУИ ги поставил и ги имплементирал истите?!, прашува ВЛЕН.
• Дали се тоа стандардите врз основа на кои членовите на семејството на лидерот на ДУИ го купија Трговскиот Центар „Соравија“?!
• Дали транспарентноста и одговорноста беа начинот според кој раководството на ДУИ стана синоним за перење пари во скандалот „ЛОТАРИЈА“?!
• Дали „ветингот“ беше филтерот преку кој Ислам Абази од Зајас стана Обвинител за организиран криминал и корупција?!
• Кои стандарди за транспарентност ги исполнуваше „ЕУРОВИА“ кога ги добиваше сите главни тендери на државните институции?!
• Преку кои антикорупциски филтри помина „ПАЦИЕНТОТ“ – Доктор Министерот за фотографирања и самопромоција без содржина и без резултати?!
Comments are closed for this post.