Министерката за правда Рената Дескоска денеска изјави оти се разгледуваат две варијанти за Специјално јавно обвинителство, едната за тоа да биде инкорпорирано во Јавното обвинителство или да биде посебна институција. Најави дека законите се ставени на ЕНЕР за јавна дебата и забелешки, дека ќе има интензивни разговори со пратениците за обезбедување двотретинска поддршка како и оти ќе се слушне и мислењето на експертите.
На ЕНЕР се ставени законот за јавно обвинителство и законот за специјално јавно обинителство. Ако се отворат двата ќе се види дека се ставени варијанти. Едната е законот за јавно обвинителство да го инкорпорира законот односно одредбите за специјалното јавно обвинителство, но исто така има и можност да се носи посебен закон. Значи ставени се на дебата. Во наредниот период ќе се вршат консултации со пратениците за да се види до кој ново на регулирање може да обезбедиме 80 пратеници, рече Дескоска, одговарајќи на новинарско прашање пред конференцијата за борба против корупцијата.
Таа додаде и дека ќе се разгледува дали е поприфатливо да има еден или два закони. Најави дека ќе има експертски дебати кои како што рече веќе се закажани за наредната недела.
Ќе ги слушнеме мислењата и во зависност од расположението на пратениците и нивната волја за поддршка. Се надевам дека кај нив треба да има волја за поддршка за ефикасен инструмент за борба против корупцијата, бидејќи СЈО нема да се занимава само со минати случаи, туку ќе се занимава и со идни, така што тоа ќе биде од интерес на сите, рече Дескоска.
Comments are closed for this post.