На последниот ден на владата на Димитар Ковачевски доставила во Собрание два контроверзни закони за рестриктивни мерки и за конфискација на имот.
На власта и се брза овие закони да ги изгласа до крајот на овој парламентарен состав иако тоа ќе биде многу тешко бидејќи не се со европско знаменце.
Пратеници за „Пресинг ТВ“ велат дека овие закони се уште не им се доставени да ја видат конкретната содржина за да можат да се подготват кога тие ќе влезат во собраниска процедура.
Овие закони предвидуваат воведување црни листи и одземање на имот за кој ќе одлучува владата а не судот и целосно да ги преземе ингеренциите на судството.
За овие закони министерството за правда не дало позитивно мислење но владата и покрај тоа решила да го испрати во Собрание.
Законот за рестриктивни мерки уште предвидува дека лицата кои ќе се најдат на американската црна листа со одлука на влада да им биде конфискуван имот и да им биде изречена забрана за привремено извршување на јавна функција до правосилност на пресуда.
Во предлогот стои одредбата „Имот за кој не може да се докаже дека е стекнат законски“ и „разумно сомневање“.
Ова е настина неразбирливо ако се знае дека имот може да се одземе со одлука на најмалку двостепена судска одлука, и ако е стекнат со пари од криминал.
Comments are closed for this post.