Судијата Владимир Панчевски денеска е на распит во Јавното обвинителство, како осомничен за злоупотреби со АКМИС системот (електронски систем за распределба на предмети) во периодот кога беше претседател на Кривичниот суд во Скопје.
Панчевски е единствениот осомничен за електронското распоредување на судските предмети.
На распит е повикан и шефот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, но во својство на сведок, како и преостанати судии, инфоматичари и судски административци.
Распитот следува откако лани во декември министерството за правда го објави извештајот за АКМИС Системите, откако работната група го провери електронскиот систем за распоредување на судските предмети во Кривичниот, Апелацискиот и Врховниот суд.
Проверката која ја направи Министерството за правда покажа дека околу 800 судски предмети биле поделени на рака, а не електронски.
Панчевски е осомничен за две кривични дела, за злоупотреба на службената положба и овластувања и за несовесно работење во служба.
Comments are closed for this post.