Владата, денеска, со почеток во 12:00 часот, ќе ја одржи редовната 35-та седница.

На седницата, на предлог на Министерството за финансии, Владата ќе го разгледа Предлог-законот за буџети со кој се уредуваат постапката за изготвување, донесување, извршување на Буџетот на Република Македонија и буџетите на единиците на локалната самоуправа и на Градот Скопје и известување за извршувањето на истите.

Од истото Министерство, на дневен ред за разгледување е и Информацијата за подготвителниот состанок со Делегацијата на Европската Унија за Програмата на економски реформи 2021 – 2023 година.

Пред министрите за разгледување ќе се најде и Информацијата за усвојување на ревидирана единствена листа на проекти, усогласена со Економскиот и инвестициски план на Европската Унија за Западниот Балкан, на предлог на Секретаријатот за европски прашања.

За заклучоците и одлуките од денешната Владина седница, која ќе се одржи преку видео-конференциска интернет врска, јавноста ќе биде информирана со соопштение.