Граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“, со отворен допис до Владата на Република Македонија за, како што тврдат продолжувањето на пробивањето на гасоводната траса.

Нивниот допис ви го пресенуваме интегрално.

На сите МЕГА ПРОПУСТИ и покрај вашите “СТРОГИ” надзори, секојдневно присуство на работници кои пробиваат гасоводна траса, патролирање на шумарска полиција, инспекторирање од сите можни инспекции – СЕПАК УСПЕА НЕПОЗНАТ СТОРИТЕЛ ДА ВИ ПРОБИЕ НЕЛЕГАЛЕН ПАТ ОД ЦЕЛИ 1.5км?!

Од чекор во чекор, нештата не само што не се подобруваат за Водно, туку драстично се влошуваат!

Законот за Водно, кое толку сакавте да го заштитите, ќе го донесете откако Водно целосно ќе се искасапи?! Откако ќе се пробие уште некој булевар?!

Каде е “СТРОГАТА и ПРЕЦИЗНА” контрола Министерство за животна средина и просторно планирање ?!
Каде е ГРИЖАТА за Водно Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје / NP “Parqe dhe gjelbërime” – Shkup?!
Каде е ДЕТАЛНИОТ надзор на МЕР ?!
Каде е РЕДОВНАТА инспекција на Инспекторат на град Скопје и ДИЖС?
….

Влада на Република Македонија, нели го Сакавте Водно?!

На толку воочени недостатоци, уште НЕПОЗНАТ СТОРИТЕЛ ДА ВИ ПРОБИЕ НЕЛЕГАЛЕН ПАТ пред нос, е навистина НЕДОЗВОЛИВО!

Недовербата во институциите се докажува дека е целосно оправдана.
По стоти пат: ТРГНЕТЕ СЕ ОД ВОДНО!