Викендов ќе имаме топло време со температура до 17 степени, по што од вторник следува пад на температурата кога во утринските часови ќе биде под нулата, а дневната максимална ќе достигне до пет степени.
Викендов времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Утринската температура ќе се движи од минус седум до два степена, а дневната од четири до 13 степени. Најтопло ќе биде во понеделник кога ќе дува засилен јужен ветер што ќе предизвика значителен пораст на температурата што ќе достигне до 17 степени. Утринската ќе се движи од минус еден до пет степени. Попладнето се очекува од запад да почнат врнежи претежно од дожд што преку ноќта во западните делови ќе преминуваат во снег и ќе имаат пообилен карактер.
Во понеделник во текот на денот ќе дува засилен јужен ветер кој наместа ќе достигнува 80км/час.
Под влијание на влажен бран попладне од запад ќе започнат врнежи претежно од дожд кои преку ноќта во западните делови ќе преминуваат во снег и ќе имаат пообилен карактер.
Од вторник се очекува заладување со локални врнежи од снег со слаб до умерен интензитет и ќе се формира нова снежна покривка и на пониските места.
Во вторник утринската температура ќе се движи од минус два до четири, а дневната од минус еден до осум степени. Во среда утринската од минус шест до два, а дневната од минус два до шест степени, во четврток ќе биде најстудено кога утринската ќе се спушти до минус 12 степени а највисоката утринска ќе биде исто така во негатива од минус три степени. Дневната во четврток ќе се движи од минус еден до седум степени
Comments are closed for this post.