Јас реков само Македонија. Се сме само Македонија не сме. На јавен плоштад на сред Скопје. Не смее човек да го рече зборот Македонија. Ова е диктатура.
Вакво е објаснувањето коее го даде Маја Трпковска, мајка на Пинета Секондо Пино за нејзиното приведување во полициска станица. Медиумите објавија и видео од нејзиното приведување.
Од МВР пак велат дека заедно со уште две лица таа била приведена бидејќи не почитувала полициска наредба и го нарушиле јавниот ред и мир.
Во 17.45 додека во центарот на Скопје се одржувала манифестација поврзана со вежбата „Одлучен удар“ три лица Н.О. , М.Т. и Д.Д. го нарушиле јавниот ред и мир и не почитувале наредба на полициски службеници односно ја попречувале полицијата во извршување на службени дејствија. Лицата се приведени и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, објаснуваат од МВР.
По Пино Секондо се трагаше од декември лани, кога исчезна, а неговиот скелет беше пронајден на крајот на април годинава во селото Љуботен.
Comments are closed for this post.