Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ за два месеца реализирале десетина капитални проекти – нови градинки, нови училишта, нови улици и булевари, нови паркови и спортски игралишта, информира опозициската партија која освои мнизинство општини на локалните избори.

Започна со решавање на еден од најгорчливите проблеми на граѓаните во секоја општина, запрената легализација на дивоградби од претходната локална власт. Изминатава недела само во општина Битола се потпишани над 1000 решенија за легализација.

Во општина Илинден во завршна фаза е изградбата на новото основно училиште, кое ќе започне со работа од второто полугодие. Општина Свети Николе ќе започне со изградба на нова градинка.

Започна реконструкцијата на основното училиште Кузман Јосифовски Питу во општина Кисела Вода, како и реконструкција на основното училиште Васил Главинов во Велес.

Во општина Бутел се поставени 40 интерактивни табли во основните училишта, започна и со изградба на неколку спортски игралишта во училиштата.

Се поставуваат и нови сончеви  колектори во основните училишта и градинките во општина Аеродром, нови фекални и атмосферски канализации во општините Гази Баба, Кисела Вода, Кочани, Велес, како и водоводни линии во Кочани, Свети Николе, Штип.