Ако треба да избереме што е најважно за нашите деца, ќе речеме прво здравјето, па образованието. Така и ќе го започнеме и овој разговор со Весна Јаневска, претседателка на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.
Јаневска е и лекар, но и професор. Разговорот го запонавме од најактуелната тема во моментов – виновникот за тетовската трагедија. Како што пишува во извештајот од Обвинителството, тоа е продолжниот кабел. Ќе го видиме ли зад решетки кабелот од тетовската модуларна болница? Прави ли власта циркуз од трагедија во која живи изгореа 14 луѓе?
Изјавата на премиерот, всушност, го покажува односот на власта кон сопствениот народ. Комплетната ароганција и понижувачкиот однос кон луѓето за кои смета дека ќе поверуваат дека ова што го зборува е вистина и дека одговорноста е во кабелот. Кабелот може да е причина за искра, но прашање е зошто тоа се случило, вели Јаневска и потсетува дека непосредно пред воведувањето на модуларните болници во здравствениот систем беше променет Законот за градба за да може брзо да се гради.
Ароганцијата, вели Јаневска, е толку страшна, што Теута Арифи, која не направила технички прием, излегува повторно да се кандидира за градоначалник.
Тоа е ароганција невидена и нечуена, и како што вели професорката Силјановска, ароганцијата е толку страшна што тие велат дека се најдобрите, дека тоа е најдоброто. Луѓе на кои живи им изгореа 14 луѓе, велат дека тие се најдоброто. Тоа покажува дека не го ценат животот на луѓето. Ова преминува во една супкултура на непочитување на ништо друго осве своето и сопственото.
За нашата соговорничка најнормално ќе беше министерот и заменикот и Теута Арифи да си дадеа оставки веднаш, тој ден.
Морална одговорност значи сочувство. Да покажеш дека го почитуваш тој на кого му се случила таа трагедија. Да покажеш дека ги почитуваш и мртвите и нивните семејства. Да покажеш дека тоа што се случило е многу лошо. Тоа е системска грешка. Не е крив кабелот, крив е целиот систем кој дозволи таков еден кабел да се најде во болница.
Во моментот на несреќата во тетовската модуларна болница имало и цивили, кои освен што не смеело да бидат таму поради ковид мерките, не биле ниту обучени за да се најдат во толку специфчна средина.
Секаде во светот во ковид одделенијата се влегува со скафандер, со маска, со визир. На видеата гледаме дека оттаму излегуваат луѓе во цивилна облека. Тоа се луѓе кои меѓусебе си го разнесуваат вирусот и потоа го шират надвор. Ако немало доволно кадар, требало да пријават. Студенти би дошле, волонтери, да ги обучат, па да ги пуштат внатре.
Сепак, Јаневска смета дека во здравствената власт не е толку неспособна колку што е пресметлива. Пресметките се правени за гласови, за атер на коалициските партнери, за свој атер, но не и за атер на пацнетите. Тоа, смета таа, е очигледно бидејќи почнавме добро, но не потоа менаџирањето на кризата отиде во сосема спротивен правец.
Примерот со Дебар беше одличен, но не се преслика на Куманово и Тетово од политички причини. Зошто летово беа ширум отворени границите за нашите иселиници? Мораше да се спроведе контрола на границите и да се знае дека луѓето кои влегуваат во Македонија се ковид негативни. Мораше да се забранат прославите што се одвиваа во затворен простор и без маски. Разбирам дека треба и економијата да ја чуваме, но со соодветни мерки. Ова се политички мерки кои се за собирање гласови. Можеа да пресликаат многу модели од странство или да го модифицираат моделот од Дебар, но не сакаа.
Тетовската трагедија ја отслика суровоста на условите што ги нуди македонското здравство – потфрливме и со човечки капацитет и материјално.
Пандемијата успешно ги покажа недостатоците на нашиот систем. Инфраструктурата, опремата, и првенствено кадарот е она што фали во здравствениот систем. Не ја гледам вината во здравствените работници, бидејќи тие можат да постигнат толку колку што можат со тоа што го имаат.
Антиваксерството, смета Јаневска, е резултат на повеќе фактори. Освен теориите на заговор, кои се речиси неизбежни, недовербата кон институциите поради несоодветните мерки, доцнењето на вакцините ги вознемири луѓето и дополнително придонесе за недоверба кон системот.
Се јавија безброј секундарни болести, од кои има голема смртност која не е регистрирана, се занемарија хроничните болести, и оттука не изненадува појавата на луѓе кои не сакаат да се вакцинираат. На луѓето не им е убаво објаснето што значи вакцинирање и невакцинирање, бројките што им се даваат се само сувопарни бројки. И во светот има обезни луѓе и луѓе со коморбидитети, па смртноста не е толкава, само кај нас е. Голема грешка на министерот и Министерството е што не направија брз протокол, кој ќе биде поделен во сите нивоа на здравството. И тоа придонесе луѓето да помисат дека вакциниран невакциниран од мојот организам зависи дали ќе преживеам. Се појави теории на заговор и од Македонија и од странство. Луѓето се исплашија, а кога немаш доверба во системот, ти веруваш дека се зависи само од тебе и од среќата дали ќе се разболиш или не и дали ќе преживееш или не.
Јанева не е оптимист дека зимата пред нас брзо и лесно ќе ја пребродиме. Петстотини заразени е висок број и не треба да има опуштање.
Се плашам дека зимава тешко се се справуваме со бранот што го најавуваат и во светот и кај нас. Опозицијата може да си тера камапања, таа не е одговорна. Но власта тера кампања насмеано и весело, нуди најдобро, наместо да се подготвува за новиот бран: Да набавува респиратори, друга опрема, да обучува персонал, бројкте се и сега високи. 500 заразени е огромна бројка. Да се создадат протоколи, да се поделат. Овој период за тоа треба да се користи.
Comments are closed for this post.