Дали директорот на Фондот за здравство Ден Дончев свесно и намерно ја води во зблуда јавноста во врска со тоа дека Зоран Милески-Кичеец го познава само од телевизија? Одговорот на ова прашање станува актуелно по интервјуто на Вера Иванова, сопственичка на формата „Диамед“, за Република.
Одговарајќи на прашањето дали има поинаква информација од таа на Дончев во врска со Кичеец, односно дека го познава само од телевизија, Иванова одговара:
Под целосна морална и кривична одговорност тврдам дека лично многу добро се познаваат и се гледаат, контактираат. Зошто Дончев изјави како што изјави, нека објаснува на некое друго место.
Иванова поднесе кривична пријава против Ден Дончев и министерот за здравство Венко Филипче за спречување странска инвестиција во Македонија и манипулација со шведските инвеститори. Целиот случај веќе доби назив на афера „Рекет 2“.
Целото интервју прочитајте го на Република.
Comments are closed for this post.