Велосипедист од Куманово со тешки телесни повреди вчера бил пренесен на Клиничкиот Центар во Скопје откако во него удрило патничко моторно возило на патот Куманово – Табановце. Несреќата се случила околу 16:30 часот.

На 20.05.2019 година околу 16.30 часот на локалниот пат Куманово – с.Табановце, патничко возило „опел вектра” со кумановски регистарски ознаки, управувано од Џ.Х.(57), удрило во велосипед што го управувал 16-годишник од Куманово. Велосипедистот, соопшти денеска МВР, се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Куманово. По укажаната помош тој бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје на понатамошно лекување. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово, велат од МВР.