На овие избори нема да се дозволи поткупот на гласачите, посебно кај онаа категорија ранливи граѓани како што бевме сведоци пред четири години, уверува министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски.
Тој во интервјуто за „Република“ потсетува дека пред четири години се делеа пакети на одредена група на граѓани и присуство во самите домови на корисниците на таа помош но оти ова сега нема да се повтори.
За ова има и снимки и докази кои за жал не се процесуираа.Има механизам ова да се спречи.Притисокот треба да биде врз Центрите за социјална работа бидејќи тие се во директна комуникација со крајните корисници.Сакаме да го спречиме она „јас ќе ги завршам работа“ за туѓа нега или социјална помош.Пораката кон директори на социјална работа, во центрите и во министерството е дека се што е надвор од закон ќе биде санкционирано.Сите пред законот треба да бидеме еднакви и треба да им помагаме на граѓаните само според закон.
Голем проблем е немањето на лиценци за воспитувачки и негователки во градинките и големиот број на деца кои чекаат за упис во градинките.
Еден воспитувач и неговател се грижат за 30 до 35 деца.Осум часа треба да ги чувате а каде е образовниот процес кој треба да им се даде на децата.Состојбата е алармантна.Затоа е потребно да се донесат измените на законот за заштита на деца кои ќе овозможат брзо решавање на овие 1000 барања.Поради ова над 5000 деца се на листите на чекање за упис во градинките.Ова ќе се реши доколку обезедиме просторни услови и стрчен кадар што ќе се грижи за овие деца.Поради овој проблем 5000 мајки треба да бидат дома или баби и дедовци да ги чуваат-посочува Велковски.
Министерот ветува и зголемување на пензиите и оти покачувањето од пет отсто за март е само обично порамнување.
Најголем проблем е нерамномерниот раст на пензиите.Оној што зема минимална пензија ќе му се зголеми 400-500 денари, а оној што зема висока пензија зголувањето ќе биде околу 2500 денари.
Затоа министерот предлага да се врати линеарното зголемување на пензиите.
Сегашниот систем буди несигурност кај пензионерите.Затоа разговарам со Здруженијата на пензионери и тие бараат зголемувањео на пензиите да биде линеарно.Разгледуваме и колку средства имаме во буџетот, во пензионскиот фонд.Состојбата е катастрофална иако не сакам да ги плашиме пензионерите.Но, средства ќе се најдат ќе релоцираме средства кои што овие години беа украдени од СДСМ и ДУИ и беше опостушен буџетот на Македонија а не се грижеа за зголемување на пензиите.Со добро менаџирање и домаќинско работење ќе дојдеме до ситуација на пензионерите веќе во првата година да ги зголемиме пензиите.Она што го разговаравме со лидерот Мицкоски е дека можеме да дадеме зголемување од 5.000 денари на сите пензионери подеднакво.Ова е ветување што ќе го исполниме-ветува министерот во интервјуто за „Република.“
Велковски посочува и на пробелемите со домовите на стари лица и малиот број на негувателки. Таков пример и домот во Куманово каде има само осум негувателки.
Според министерот мора да се инвестира во домовите за стари лица како и во персоналот бидејќи не секој има над 30.000 денари месечно за да оди во приватен дом.
Ќе ги посетиме сите домови кои се под наша надлежност. Таму има и луѓе имаат потреба од целодневна нега и се неподвижни.Една негователка да се разболи трееба да биде по 12 или 16 часа на работа за да се покријат смените.Од друга страна зголемена е цената за згрижување во приватните домови кои се движат од 30.000 до 50.000 денари месечно.Повеќе од 100.000 пензионери живеат со 18.000 денари пензија и треба уште 12.000 денари некој да ги доплати а каде се лековите и другите потреби.За овиепетнаесетина години не е напревен ниту еден нов државен дом за стари лица, туку само се реновираат постоечките.
Comments are closed for this post.