Штом ќе биде достапна вакцината против КОВИД во земјава, први ќе ја примат лекарите, медицинскиот персонал и сите други што се на првата линија во борбата со пандемијата, потоа хронично болните, возрасните граѓани, вработените во градинките и останатите на приоритетната листа, соопштија денеска владините портпароли, Душко Арсовски и Муамет Хоџа.
Потоа, како што нагласија Арсовски и Хоџа, ќе се вакцинираат политичарите.
Како што најави премиерот Зоран Заев, и тој ќе даде личен пример во насока на давање поддршка во напорите за сузбивање на КОВИД-19, истакнаа портпаролите.
Тие претходно соопштија дека се во тек преговори за директна набавка на вакцини против КОВИД-19.
Не чекаме само на донации, се користат сите инструменти и навреме се почнати сите процедури. Веќе се обзбедени 833.000 вакцини за околу 400.000 граѓани и треба да пристигнат во првите месеци од 2021 година, рече Арсовски.
Покрај ковакс механизмот, нагласи, во тек се преговори и за директна набавка од комапниите кои ги произведуваат вакцините, а предвиден е и трет механизам преку ЕУ со кој треба да се набават 200 милиони вакцини за земјите членки и дополнителни 100 милиони дози за европските земји надвор од Унијата.
Република Македонија не чека само на донации, туку навреме ги направи сите потребни чекори и процедури, а лоцираше и средства за вакцини. Почна директни прегови, се користат сите инструменти, вклучувајќи го и ковакс механизмот кој беше прв на располагање, рече Арсовски.
Според него, се уште не се знае колку и кога Бугарија ќе и донира вакцини на земјава, но планот е делот од пратката што ќе пристигне во Бугарија, да биде наменета и за нашата земја.
Дел од првата пратка вакцини, пак, што ќе стигнат од Грција ќе бидат наменети, како што објасни Арсовски, за нашите граѓани.
Comments are closed for this post.