Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања в четврток треба да расправа за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски.
Седницата е закажана со почеток во 11 часот со единствена точка на дневниот ред
Утврдување на Предлог за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски, поради неоправдано отсуство на пратеникот повеќе од шест месеца, а врз основа на Известувањето од претседателот на Собранието, доставено на 15 мај 2019 година.
Comments are closed for this post.