Утре ќе се одржи средба меѓу Синдикатот за образование и наука и ресорното Министерство е клучна по прашањето за покачување на платите на просветните работници. СОНК бара повисоки плати за 25% и зголемувањето да важи од јануари 2020-та година. Во спротивно, ќе биде донесена одлука за организирање на генерален штрајк во основните и средните училишта.
До сега се одржаа неколку состаноци меѓу МОН и СОНК, но не беше постигнат конечен договор. Изминатиот понеделник, Министерството од Синдикалците побара уште време за пресметки и консултации околу процентот на зголемување на платите. Доби седум дена и утре (понеделник, 7 октомрви) треба да излезе со конкретна понуда.
Министерот Арбер Адеми вчера во врска со оваа проблематика, изјави дека е оптимист, не сака да мисли на лоши сценарија и верува дека ќе се постигне договор.
Comments are closed for this post.