Уставниот суд денеска расправа за оценување на уставноста на членот 27 од Законот за референдум кој се однесува на распишување на референдум на државно ниво за претходно консултирање на граѓаните за прашања од повисок интерес.
За ова прашање, судијката Елена Гошева се изјасни дека нема да го поддржи, но судијата Јован Јосифовски нагласи дека заслужува внимание. Според него, ова прашање е за добра анализа и дека членот 27 од Законот за референдум не е во согласност со членот 73 од Уставот.
Одредбата е во спротивност на Уставот и сметам дека Судот треба да поведе постапка, а не да ја отфрла. Во Уставот нема список или листа на забрани и затоа нема одредба дека не е забрането да се распишува консултативен референдум. Но, затоа јасно стои дека одлуката на референдум е задолжителна – објасни Јосифовски.
На тоа судијата Осман Кадриу реплиираше дека Собранието е должно да распише задолжителен референдум ако станува збор за менување на границите или пак ако се работи за пристапување или излегување од сојуз со други држави.
Comments are closed for this post.