Уставниот суд го отфрли барањето на ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска за заштита на слободите и правата. Јанкуловска имаше поднесено барање за оценка на дискриминација, односно повреда на правото на мајчинство од страна на судијката Добрила Кацарска.

Според барањето Добрила Кацарска закажувала и одржувала интензивна динамика на судење на Гордана Јанкулоска во предметот „Тенк“, прекинувајќи и го на тој начин породилното отсуство, со јавно кажани закани дека обвинетата присилно ќе биде донесена на судење доколку не се појави на закажаните рочишта. Сакала да ја оствари целта во најбрз можен рок да ги исполни формалните претпоставки за донесување на веќе објавената одлука по однос постоењето на вина на Гордана Јанкулоска.