Ургентниот центар на детската клиниката, кој поради недостиг од кадар не функционира три години ќе биде пуштен во целосна употреба кога ќе имаме доволен број специјалисти по педијатрија и среден медицински кадар соопшти директорката на Клиниката за детски болести, Катарина Ставриќ.
Со нејзиниот став се согласи и министерот за здравство, Венко Филипче, кој истакна дека се преземаат мерки за да се подобри состојбата, но тоа оди чекор по чекор, затоа што многу работи чекаат на ред.
Тоа што се презема во моментов за Детската клиника е новиот систем за централен мониторинг за виталните кардиолошки и белодробни параметри кај бебињата и децата што се сместени на одделот за интензивна нега . Оваа мониторинг станица е дел од проектот ПериМак и фондацијата проект ХОПЕ. од каде и ја донираа опремата, чија цена изнесува 70.000 евра.
Како што соопшти д-р Ставриќ при презентацијата на новата опрема, во моментов на интензивната нега на Детска клиника се лекуваат 11 деца, а најмногу од нив се предвреме родени бебиња, но и поголеми деца.
Comments are closed for this post.