Не е точно дека Универзална сала е осигурана туку осигурана е фирмата која ја изведува реконструкцијата на салата во осигурителната компанија Еуролинк, а изјавата на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска е несреќно дадена изјава, објави МКД.мк.
Секоја фирма што добила тендер за градба е законски обврзана да се осигура за одговорност за штета па согласно оваа законска обврска тоа го направила и фирмата Универзал Балкан, фирмата која треба да ја реконструира Универзална сала, објаснува изворот на МКД.мк
Станува збор за осигурување за одговорност за штета во случај ако фирмата предизвика штета кон трети лица односно луѓе што се вклучени во реализација на проектот или кон објектот што го гради или го реконстурира. Во случај да се утврди таква штета тогаш фирмата треба да ја плати штетата. Ако тоа не го направи фирмата тогаш обврските за наплата на штетата ги презема осигурителната компанија. Во конкретниот случај со Универзалната сала ниту може салата како објект да се осигура ниту некој би осигурал таква руина“, тврди изворот на МКД.мк кој е вклучен во реконструкцијата на Универзална сала.
Како што пишува порталот, во новиот дел кој фирмата Универзал Балкан го гради, а за кој е надлежна оваа фирма штета нема па следствено на тоа нема да има никаква потреба за исплата на штета ниту пак осигурителната компанија би ѝ исплатила пари на компанијата со кои, како што изјави министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, ќе продолжи градбата на Универзална сала.
„Но сепак, ако се утврди дека фирмата предизвикала било каква штета тогаш таа законски е обврзана да ја плати штетата“, вели изворот на МКД.мк.
Comments are closed for this post.