Судот во Будимпешта денес го одбил барањето за екстрадиција на Никола Груевски доставено од македонските власти, објави 24hu.
Според порталот, сослушувањето за барањето за екстрадиција на поранешниот македонски премиер почнало во десет часот без присуство на медиумите по наредба на Судот.
Никола Груевски претходно беше приведен на рочиште во судот во Будимпешта.
Според судијката задолжена за случајот условите за екстрадиција не се валидни.
Македонија бараше екстрадиција за издржување на двегодишната затворска казна за набавката на мерцедесот во случајот на СЈО, „Тенк“ и за настаните кои се случија во Собранието на 27 април 2017-та година, за што е осомничен дека бил организатор.
Comments are closed for this post.