Васеленскиот патријарх Вартоломеј изјави дека Цариградската патријаршија нема намера да го менува Уставот на Српската православна црква (СПЦ) или нејзините граници, иако некои случаите со „Скопје и Црна Гора“ ги поистоветуваат со Украина, каде што е дадена автокефалност на одредени тамошни црковни структури и покрај противењето на Руската православна црква (РПЦ)
За жал има огромни дезинформации за ова прашање. Некои го поистоветуваат случајот на Украина со Скопје и Црна Гора, и тоа е многу вешто, бидејќи сакаат СПЦ да ја свртат против Вселенската патријаршија, изјави патријархот Вартоломеј во интервју за весникот „Политика“ на прашањето дали има намера да донесе одлука дека „црквата во Македонија нема да биде под јурисдикција“ на СПЦ.
Тој изјави дека многу владици од СПЦ се плашат дека она што се случи со Украина „ќе се повтори во Црна Гора и Охрид”.
Ве уверувам дека работите не стојат така. Разликата во поглед на Украина, канонски и еклисиолошки, е во тоа што Русија упадна и ја окупира Киевската митрополија и дека никогаш не и беше дадена, додека Србија се што има и припаѓа канонски и еклисолошки. Тоа значи дека Васеленската патријаршија нема намера да го измени Уставот на Српската православна црква или нејзините граници, освен доколку тоа не е придружено со договор и соработка, изјави патријархот Вартоломеј.
Comments are closed for this post.