Синоќа во 20.15 часот на улица „Гоце Делчев“ во населба Оризари во
Кочани се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Ровер“ со
кочански регистарски ознаки, управувано од И.С.(18) од Кочани и патничко возило
„Сеат“ со кочански регистарски ознаки, управувано од С.Н.(43) од Кочани.

Како што соопштија од МВР во незгодата со тешки телсни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатникот во
возилото „Сеат“, М.Н.(32) од Кочани.

По укажаната помош во Јавната здравственаустанова, С.Н. и М.Н. биле препратени во Медицински центар Штип, додека И.С.бил препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.

Сопатникот вовозилото „Ровер“, А.Н.(27) од Кочани се здобил со телесни повреди и му била
укажана помош во ЈЗУ-Кочани, информират од МВР.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кочани.