Кандидатот за градоначалник од редовите на Граѓанско Демократска Унија, Михаил Трендафилов-Нанче, денеска оствари средби со жители на селата Љубаништа, Трпејца, Пештани и Елшани, сите сместени на источниот брег на Охридското Езеро.
Во разговорите тој се запозна за нивните проблеми со кои се соочуваат во секојдневниот живот.
Притоа граѓаните се пожалиле на лошиот пат кон манасторито „Св. Наум“ иселувањето на младите, отсуството на канализација во Трпејца, нефункционалниот крак на Колекторскиот систем до Пештани, подобрување на системот за напојување со електрична енергија, проблеми со водоснабдувањето во Елшани…
Притоа Трендафилов им порача на луѓето дека проблемите не можат да се решат со магично стапче, но им вети дека со домаќинско и одговорно работење истите можат да се решат чекор по чекор.
Comments are closed for this post.